Коста Петров: Враќањето во Македонија можеби е најдоброто нешто што ми се случило

По 6 годишно работно искуство, во 2010 година ја напуштивте компанијата за која работевте и одлучивте да започнете сопствен бизнис?  Што ве натера на таков потег?

КОСТА ПЕТРОВ: Најмногу ме натера финансиската криза која што започна во 2008 година. Не можам да кажам дека јас сум бил тип на човек кој цел живот сонувал дека еден ден ќе имам своја фирма. Уживав да работам за друг. Уживав на 1-ви да ми дојде платата и да не се грижам како ќе бидат исплатени платите на другите. Во 2006 година бев регрутиран да работам за една голема фирма вo Дубаи. Таму бев четири години и се случи финансиската криза па дојде еден момент кога морав да си речам: Што понатаму? Бидејќи фирмата каде што работев беше зафатена од финансиската криза. Така да отворањето на сопстевн бизнис беше единственото решение што го имав тогаш и некако најголемата болка ми беше дека ете јас сум студирал во Прага, сум живеел во Дубаи и сега треба да се враќам назад во Македонија. Не беше стравот дека ќе отворам сопствена фирма, туку едноставно стравот ми беше за тоа како ќе живеам сега во Македонија. Меѓутоа, сега после четири поминати години можам да кажам дека тоа селење назад во Македонија можеби е најдоброто нешто што ми се случило мене. Не дека сега изигрувам некој патриот, меѓутоа има нешто што го кажува Пауло Коелјо: “Целиот свет го поминуваш за на крај да сфатиш дека тоа што ти требало било секогаш до тебе, вели Коста Петров во интерву за порталот Курир.

Целосното интервју прочитајте го на следниот линк:

http://lider.mk/2014/09/02/kosta-petrov-vraaweto-vo-makedonija-mozebi-e-najdobroto-nesto-sto-mi-se-slucilo/

Share This Post