PFZ_5197

Коста Петров – Човек на годината 2013

Синоќа во Експо центар во органзација на “Гемак трејд”, застапник на “Џони Вокер” во Македонија, за човек на годината беше прогласен Коста Петров.

Изборот на најуспешна личност се одржува петти пат по ред, а од “Гемак трејд” велат дека одлучувачки критериуми во изборот се професионалноста и високиот морал во однесувањето, односно работи со позитивни ефекти врз заедницата кои делуваат мотивирачки за околината, квалитетни човечки вредности како и активности преку кои Македонија се промовира и надвор од границите.

Настанот беше збогатен со соодветна музичко сценска програма и интересна забава на која присуствуваа голем број личности  од јавниот и естрадниот живот на Скопје.

Share This Post